Мажот кој 17 дена се водеше како исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан е пронајден жив, објавија локалните медиуми, пренесува АП.
Работникот на хидроцентралата Ган Ју беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Сечуан на 5 септември.
Човекот бил пронајден жив и повреден 17 дена подоцна од локален жител.