Маж во САД убил момче (6) и ја избодел неговата мајка со палестинско потекло

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Маж во САД убил момче и ја избодел неговата мајка, а мотивот бил конфликтот меѓу Хамас и Израел, пишува Би-Би-Си.

Џозеф Чуба (71) со нож нападнал жена (32) и момче (6) во Плејнфилд, во американската сојузна држава Илиноис. Полицијата соопшти дека нападот бил поттикнат од конфликт меѓу Хамас и Израел.

Момчето било избодено 26 пати, а неговата мајка успеала да преживее. Според Би-Би-Си, жената е од Бејтунија на палестинскиот Западен Брег и се преселила во САД пред 12 години.

Слични содржини