Маж во САД влегол во канцеларија на политичар, ги нападнал вработените со палка

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Демократскиот пратеник од Вирџинија, Гери Коноли, рече дека маж со метална палка влегол во неговата канцеларија во Ферфакс во понеделникот и нападнал двајца вработени, удирајќи еден во главата. Тој додаде дека повредените вработени се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 49-годишниот Ксуан Ка Тран Фам од Ферфакс.

„Во овој момент не е јасно кој бил мотивот на осомничениот“, соопштуваат оттаму.

Си-Ен-Ен разговараше со таткото на напаѓачот, кој рече дека Фам боледува од шизофренија, а три месеци не ги земал лековите и дека претходно бил обвинет за напад, но обвинението потоа било отфрлено.

Коноли наведува дека во моментот на нападот бил на церемонија на сечење лента и дека на полицијата ѝ биле потребни околу пет минути за да одговори на повикот за помош.

Слични содржини