Најмалку пет лица се повредени во напад со моторна пила во швајцарскиот град Шафхаузен. Непознато машко лице со пила во рацете ги прогонуваше минувачите на улица, соопшти полицијата.

Интензивно се трага по напаѓачот, а сите кои се нападнати се здобиле со тешки телесни повреди, додека двајца се критично.
Поголемиот дел од градот Шафхаузен, кој е во близина со германската граница е блокиран, а полицијата ги амоли сите граѓани да останат дома додека трае потрагата по напаѓачот.
Портпаролката на регионалната швајцарска полиција Цинди Бир, вели дека полициските екипи и екипи на итната помош се на терен, а спасувачките хеликоптери кружат над градот.
Полицијата објави слика од осомничениот напаѓач.
