Маж во Србија ја убил сопругата и ја ранил љубовницата, а потоа се самоубил

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Маж во Крушевац, Србија, утрово ја убил сопругата и ја ранил љубовницата, а потоа се самоубил, пренесоа српските медиуми.

Тој се самоубил кога бил опколен од полицајци. Како што било потврдено за порталот „Нова.рс“, полицијата во Крушевац се уште врши увид на лице место.

Маж од Трштеницето село Милутовац утрово во Расадник, Крушевац, најпрвин ранил жена за која се претпоставува дека му е љубовница, а потоа на патот меѓу Јасика и Кукљин убил жена за која се претпоставува дека му е сопруга.

Како што дознава rtk.rs, постои сомневање дека сторителот на ова дело на крајот се самоубил во својот автомобил на патот меѓу селата Страгари и Милутовац.

Како што пренесува истиот портал, тоа се случило во моментот кога полицијата го опколила со цел да го уапси.

Според информациите кои ги потврдиле од СВР Крушевац, жената која е повредена со повреда на главата е пренесена во Општата болница во Крушевац.

Полицијата врши увид на лице место и се утврдуваат околностите на овие три настани.

Слични содржини