293
Пет лица загинаа, меѓу кои и едно осумгодишно дете, кога маж во американската сојузна држава Тексас пукал со пушка кон своите соседи, откако тие побарале од него да престане да пука куршуми во нивниот двор затоа што се обидувале да спијат, соопштија денеска властите.
Шерифот на округот Сан Хасинто, Грег Каперс, изјави дека властите се уште трагаат по 39-годишен осомничен по пукањето што се случи во текот на ноќта во градот Кливленд, околу 72 километри северно од Хјустон, пренесе АП.
Кеперс изјавил дека во куќата имало 10 лица и дека никој друг не е повреден.