
Мажите кои гледаат порно, се со поголема веројатност дека се чувствуваат незадоволни од врската, се наведува во податоците на најновото истражување. Истото сепак не може да се однесува за жените.
Истражувачите анализираа 50 студии, чии фокус е насочен кон врската меѓу порното и задоволството од интимната врска. Вклучени се податоци на повеќе од 50 илјади лица од 10 земји, од кои станува јасно дека има повеќе случаи на ниска задоволство кај мажите кои гледаат порно филмови.
Истражувачите од Универзитетот во Индијана и хавајски универзитет во Мано ја направија мета анализа, за да се разбере подобро влијанието на порното на целокупното задоволство.
Дали гледањето на порно влијае на степенот на задоволство на корисниците? И дали тоа е позитивно или негативно?
Ова се прашања кои стимулираат голем број студии и кои бараат одговорие.
Иако не е утврдена поврзаност помеѓу личноста и задоволство и гледањето на порно, истражувачите откриваат дека слични еротски филмови водат до пониско задоволство во врската. Но само за мажите. Меѓу жените не се открива слична врска.
Според истражувачите причината може да лежи во тоа дека мажите кои се чувствуваат несреќни со партнерот, се свртуваат кон порното. Исто така е можно гледањето на овие филмови да води до нереални очекувања во однос на сексот и на тој начин да предизвикуваат разочарување кај реални ситуации