Истражување објавено во British Journal of Psychology покажува дека мажите кога се во друшто на привлечни жени се трудат да го покажат своето најдобро лице.
Група научници докажа дека мажите имаат потреба да ги восхитат атрактивните жени, па несвесно од себе го вадат она најдоброто. Во нивно присуство ги покажуваат најпозитивните особини како духовитост, интелигенција, кавалерски однос и слично. Тогаш мажите исто така се и несебични, одмерени, толерантни, едноставно најдобри.
Научниците ги споредиле со паун, односно со додоворувањето на пауните кои ги заведуваат партнерките со ширење на репот и перчење.
Истата студија го покажала спротивното за жените. Присуството на привлечни мажи не влијае врз однесувањето на жените. Без разлика на тоа дали во просторијата има атрактивни мажи, жените нема толку да го променат личниот опис за да го заведат потенцијалниот партнер.