Мажот кој упадна во замокот Виндзор на суд призна дека се заканил дека ќе ја убие кралицата

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Џасвант Синг Чejл, кој беше уапсен во замокот Виндзор, дом на покојната британска кралица Елизабета со наполнет самострел, пред судот во Лондон призна дека се заканил дека ќе ја убие кралицата и со тоа извршил прекршок според Законот за предавство.

Чeјл (21) ги призна престапите во лондонскиот Олд Бејли, откако беше уапсен со качулка, маска и ракавици во просторот на замокот во западен Лондон околу 8 часот наутро на Божиќ 2021 година, објави „Ројтерс“.

Кралицата Елизабета, која почина во септември минатата година, беше во замокот на денот на упадот со нејзиниот син, сега крал Чарлс, и други блиски членови на семејството.

„Чејл влезе во заштитенатанобласти во замокот Виндзор откако се закани дека ќе го убие нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. За среќа, полицајците интервенираа и никој не беше повреден“, рече Ник Прајс, шеф на Специјалниот одред за криминал и борба против тероризмот на Кралското обвинителство.

Според него, се работи за сериозен инцидент, но за среќа редок. Чејл со месеци го планирал нападот, изјавија обвинителите на претходното судско рочиште.

Кога му пришол чувар, Чејл рекол: „Тука сум да ја убијам кралицата“. Судијата Џереми Бејкер рече дека ќе го осуди Чејл на 31 март, а судот побара и медицински извештаи.

Слични содржини