Мбапе: И да ме исвиркуваат, тоа е животот

од Vladimir Zorba

Поразот со 0:2 од Германија во пријателски натпревар е „предупредување“ за француските репрезентативци дека европското фудбалско првенство ќе биде тешко, изјави напаѓачот на тимот Килијан Мбапе, цитиран од Ројтерс.

„Мораме што побрзо да сфатиме дека ако играме вака на следните натпревари, може да бидеме пред огромно разочарување. Не сакаме тоа да се случи“, изјави напаѓачот.
Сепак, тој додаде дека овој пораз не е удар за амбициите на „петлите“.

„Дури и да победевме со 5-0 против Германија, немаше да помислиме дека лесно ќе ја земеме европската титула. Овој пораз го сфаќам како предупредување, едноставно не одигравме добро. Тоа не значи дека треба фрли се што направивме до овој момент и натпреварите што ги добивме“.

Во следниот натпревар Французите ќе играат со Чиле на „Велодром“, а напаѓачот на Пари Сен Жермен е подготвен за секаков вид на провокација што може да дојде од симпатизерите на Олимпик Марсеј.

„Дури и да ме исвиркуваат, тоа е животот. Не го сфаќам тоа лично. Меѓутоа, ако не ме исвиркуваат, ќе бидам пријатно изненаден“, додаде тој.

Слични содржини