Мбапе: Сите на избори, ова е катастрофа

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Килијан Мбапе, капитенот и најголемата ѕвезда на Франција, на прес-конференцијата пред спектаклот против Португалија во четвртфиналето на ЕУРО, го префрли фокусот од фудбалот.

Имено, првиот круг од парламентарните избори во Франција најавува голема победа на екстремната десница на чело со Марин Ле Пен и дебакл на умерениот Емануел Макрон.

Пред вториот круг од изборите во недела, Мбапе им порача на своите сонародници: „Повеќе од кога било мораме да излеземе на гласање, не можеме да ја оставиме земјата во рацете на овие луѓе. Резултатот од неделата беше катастрофален и се надеваме дека луѓето сега ќе гласаат за вистинската страна викендов. Ние сме генерацијата која може да направи разлика. Гледаме дека екстремистите тропаат на вратата на власта и имаме можност да ја обликуваме иднината на нашата земја.“

Пред првиот изборен круг, францускиот стрелец ги повика Французите „да не гласаат за екстремната десница“.

Слични содржини