Меџити: Ахмети да биде претседател на партијата, а не да фаќа страна

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Не личи на татко на партијата да фаќа страна, туку Али Ахмети треба да се врати на старо, кога и покрај поделбите во размислувањата, тој бил оној што на крај ги седнувал и пресекувал, вели потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити во интервју за РСЕ.

-Тој е лидер, претседател на партијата и ние со сите овие чекори сакаме пак да го вратиме да биде претседател на сите во партијата. Тој да биде претседател на партијата, а не да фати страна. Во случајот впечатокот на членството е дека Груби функционира како клан, и Ахмет е како заштитник на тој клан. Мислам дека треба да се врати на првобитната позиција претседател на Демократската унија за интеграција, неприкосновен на сите, како што функционирал во минатото, и кога имало поделби во размислувањата тој бил оној што на крај ги седнувал, пресекувал, никогаш не фатил страна. Во случај кога ќе фати страна, тоа не личи на претседателот или на таткото во партијата, а не сакам во никој случај така да го гледам Али Ахмети, истакна Меџити.

Слични содржини