Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, организацискиот секретар Блерим Беџети, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, ако и Невзат Бејта и членови на високото раководство на партијата, познати како „огнена група“ беа примени од огранокот на Куманово кои ги поканија на оваа средба токму за да се чуе нивниот глас и да ја изразат загриженоста и незадоволството на кумановци од состојбите во ДУИ и лошиот настап на извршната власт во последните две години.
Потпретседателот и пратеник на ДУИ, Изет Меџити рече дека ова што се случува денес е нов стандард во албанската политика, што произлегува од западната демократија, каде што кандидатите конкурираат прво во нивните партии, а потоа се натпреваруваат со противничките партии.
-Во 2020 година, во бранот на пандемијата, придонесовме да победиме на избори, му помогнавме на Али Ахмети и ДУИ, а во кампањата според сугестиите на агенциите не го кандидиравме Артан Груби никаде, бидејќи ни кажаа дека е шампион за губење гласови. По изборите се направи голема грешка, тој што го сокривме од гласачите стана вицепремиер. Издржавме и молчевме поради членството на земјата во НАТО и поради Али Ахмети. Сега Артан Груби оди на состаноци каде повеќето се функционери и замислете зборува во име на евроинтеграциите, додека цело време се занимава со антиевропски методи, ја гуши дебатата, бега од одговорност и врши притисок врз администрацијата и оние кои се за промени, рече Меџити.