Потпретседателот на ДУИ и еден од водачите на „огнената група“ Изет Меџити синоќа, од Студеничани изрази поддршка за партискиот лидер, Али Ахмети, и му порача „да не го гори јорганот поради една болва“.
Од Огнената група оценија дека реализацијата и ефикасноста на извршната власт е под 2 отсто.
„Владата на РСМ има речиси половина од министрите Албанци, држи 80 отсто од економските ресори, а сепак успева да материјализира само 2 отсто успех во албанските зони. Албански кадар раководи со Дирекцијата за патиштата, додека сите инвестиции се прават во Источна Македонија, а во албанскиот дел се прават само соништа и ветувања. Погледнете го патот за Блаце, Кичево-Охрид или Коридорот 8. Само ветувања. Реков и во Собрание, помалку фотографирање, повеќе работа“, рече Меџити.
Тој истакна дека го поддржуваат евроатлантскиот правец на Владата, не само со изјави туку и со конкретни акции и побара одговорност од извршната власт.
Побара одговорност од извршната власт за, како што рече, нивната неефикасност.