„Ме претепаа, докторот ми рече дека имам уште 20 минути…“: Боки 13 за морничавите детали од затворот и операцијата

Боки 13 со исповед за затворските денови: „Седев на шеталиштето, ми пријдоа тројца Албанци... Мојот пријател почна да се тепа со нив, го тепаа него, ме тепаа и мене, ми ги раскрварија усните, па бев во болница“

од Nikola Popovski
3,3K прегледи Фото: Принтскрин

Поранешниот телевизиски водител Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, јавно проговорил за своите затворски денови поминати поради предметот „Рекет“.

Во емисија на српската ТВ Пинк, водителот Огнен Амиџиќ се интересирал како Боки се снашол во скопските затвори „Шутка“ и „Идризово“.

– Денес бев на гробот кај Марина Туцаковиќ… Со неа веќе гостував кај тебе, ако се сеќаваш. Напиша одлична стих: „Жив човек се навикнува на сè“, така е. Кога ме однесоа во затвор, поточно во притвор, на 15 јули, беше премногу жешко. Наместо на Миконос, завршив во затвор изграден од мојот сопствен дедо – тој беше првиот директор на тој затвор, каде што бев притворен 15 месеци. Ме држеа, имав милијарди здравствени компликации – ја започнал приказната Боки, додека неговите фотографии од затворот биле прикажувани во емисијата.

– Тука сум со еден пријател што го запознав во затвор, помошникот министер за полиција, Ѓоко Поповски. Некој нè сликаше, сите живи имаат телефони. Ова остана убав спомен, спомен. Направив црна кампања за овој човек на мојата телевизија, еве колку е ироничен животот – се присетил Јованоски.

Најлошо било вика кога бил префрлен во стариот дел од затворот.

– Ме префрлија во стариот дел од одмазда. Таму немаше место, беше морничаво, спиев на подот. Имаше секакви работи. Од малтретирање до додворување, сè – признал Боки 13.

– Имав културна дистанца со сите, сè уште имам затворски пријатели до ден-денес, дури присуствував и на свадба во куќата на затворски пријател – објаснил тој.

– Ме тепаа, да. Имав јавно писмо, адреса, го пуштив од затвор. Го нападнав врвот на владата што сега е заборавено минато… Се облекував секој ден како да одам во град. Седев на шеталиштето, ми пријдоа тројца Албанци… Мојот пријател почна да се тепа со нив, го тепаа него, ме тепаа и мене, ми ги раскрварија усните, па бев во болница. Ова можеби звучи интересно, но никој да не го почувствува истото – искрен е Јовановски.

– На 8 септември 2020 година имав преперфорација на чир на желудник, едвај ме спасија. Дежурниот доктор ме спаси. Бев во притвор, во 7 часот наутро имав таква болка каква што никогаш порано не сум почувствувал. Ме болеше сè живо. Дојде брзата помош, ми дадоа дијазепам. Бев црн како мојата јакна. Дури во три и пол ме однесоа на клиника. Докторот рече дека имам 20 минути или да преживеам или да добијам сепса – рекол Јовановски и додал:

– Тогашниот министер за здравство, кој е претседател на опозициската партија, ми забрани да се лекувам во државните клиники. Знаеја дека ме држеа во затвор во најтешките болки по гастроскопијата 3-4 часа. Молев за хоспитализација, ми рекоа: „Извини, нема место“ и ме вратија во притвор, изјавил меѓу другото Јовановски.