„Ме разочаравте професорке, ви кажале пиши му дека има куќа во Маврово..“: Продолжува „војната“ на социјалните мрежи помеѓу Шилегов и Силјановска

од Берта Китинска
423 прегледи

Продолжуваат партиските препирки во пресрет на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули.

„Војната“ која започна помеѓу професорката Гордана Силјановска-Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Град Скопје,  Петре Шилегов од СДСМ продолжи на социјалните мрежи.

Овој пат Шилегов и возврати на Силјановска-Давкова по обвинувањата дека тој си има поставено плочник пред својата викендица во Маврово, укажувајќи и дека ги има измешано работите.

„Е сега стварно ме разочаравте професорке. Ви кажале нешто во партија таму, пиши му дека има куќа во Маврово (најголем грев на светот е тоа) дека нешто на плоштад има нов плочник (знам и тој Ви се свиѓа, ама …) и тревник (веројатно не мислите дека треба Шпански скали да се направат таму), па ај да пишете нешто. И тотално сте ги измешале работите. Плочник во Маврово бе !!!Немам јас против што сте имале средба во паркот Ибни Пајко, напротив. Јавен простор е тоа, не е партиски. Имам против суетите (ситна душа ли е, што ли е), кои суети ви се големи колку што ви се ситни душите, па при очи сте слепи, а при уши сте глуви “, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.

Слични содржини