Мебелот на Јанева, гардеробата и чантите на Боки 13 во Агенцијата за управување со одземен имот

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Неколку кревети на поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева, но и мебел, гардероба и чанти на Бојан Јовановски – Боки 13 завршиле во Агенцијата за управување со одземен имот, вели во интервју за весникот Вечер директорот на Агенцијата, Фатон Асани.

„На Катица Јанева и се одземени неколку кревети, а на Бојан Јовановски мебел, лична гардероба и чанти. Парични средства, вили и станови не им се одземени. Ние сме известени само за овие работи и истите сме ги одзеле, а за другите предмети постапката сè уште трае. Овие работи им се одземени и се доставени од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, а ние како Агенција за управување со одземен имот имаме обврска истите да ги сместиме, чуваме и продаваме“, вели Асани.

Јанева и Јовановски се во притвор додека чекаат одлука на Кривичниот дали ќе го прифати обвинението за „Рекет“. И двајцата поднесоа жалба и побараа поради завршување на истрагата, да се бранат од слобода, но поради опасност од бегство, барањата им беа одбиени.

Слични содржини