Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк на 5 ноември замина во паркот на танцувачките мечки во Белица .Од скопскта Зоолошка градина информираат дека Теди ужива на 120 000 м2 во паркот во Бугарија.
-Мечето Теди од Штип сега ужива на 120 000 м2 во Паркот на танцувачките мечки во Белица, Бугарија. Благодарение на Four Paws и фондацијата на познатата актерка Брижит Бардо, повеќе не е во малиот студен кафез во зоо паркот во Штип. Тимот на Скопје Зоо заедно со Четири Шепи и управителот на паркот во Белица, Димитар Иванов ги направи сите напори мечето да отпатува во новиот дом, а Теди успеа да стигне во резерватот само неколку часа пред да се затвори целосно грчката граница.Теди, велат од Паркот во Белица дека е единственото мече таму кое најмногу обожува моркови, напишаа на својот Фејсбук профил од ЗОО Скопје.
Фото: FOUR PAWS International