Мециновиќ по дебатата: На сите непривилегирани и отфрлени – отчукуваат последните мигови на нивното време, сега сме ние на потег!

„Ова е генерациска борба! На сите непривилегирани и отфрлени, сите намачени и потиснати, од семејства со еден родител и семејства кои ја живеат агонијата на ова време кое е наменето за НИВ не за НАС! Отчукуваат последните мигови на нивното време, сега сме ние на потег!”, порача Мециновиќ.

од Vladimir Zorba
47 прегледи

„Скопјани, ви благодарам од сѐ срце неизмерно за целосната поддршка и сите пораки!“, сподели кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ по вчерашната дебата на Канал 5 телевизија со својот против-кандидат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.