Мециновиќ за пожарот во Трубарево: Колку богатство може да ве насити?

„Регулации и инспекции НУЛА за од време на време да ни се случуваат вакви еколошки катастрофи, додека преку цела година индустриските загадувачи си пукаат текстил (ПЛАСТИКА) у фурните - арно ама, домаќинствата загадувале“

од Vladimir Zorba
58 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Амар Мециновиќ

Море политичари, стручњаци и сите останати на платен список, кои со години трубат дека СИРОМАШНИТЕ се проблем за загадувањето – те се грееле на ќумбиња, те возеле стари автомобили – да одите сега во Трубарево да видите како тоа изгледа кога гори електронски отпад во близина на градинка, сподели на својот Фејсбук профил Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначланик на Скопје од редовите на Левица.

„Регулации и инспекции НУЛА за од време на време да ни се случуваат вакви еколошки катастрофи, додека преку цела година индустриските загадувачи си пукаат текстил (ПЛАСТИКА) у фурните – арно ама, домаќинствата загадувале.

КОЛКУ БОГАТСТВО МОЖЕ ДА ВЕ НАСИТИ?

Нека им е со лесно на хероите пожарникари – само они знаат како им е. Итно на скопските пожарникари треба да им се обезбеди сѐ што им е потребно, а властите да имаат ЕКСПЕДИТИВЕН одговор!“, вели тој.