452
Освен ако сте алергични на некоја од состојките, во останатите случаи нема зошто да не уживате во вкусот на оваа одлична здрава комбинација.
Со редовно консумирање на мед и ореви ќе се ослободите од главоболките, ќе го подобрите дигестивниот систем, но и ќе го зголемите либидото, бидејќи оваа комбинација важи за вистински афродизијак.
Потоа, медот и оревите се добри за анемија, ја подобруваат и концентрацијата и ги олеснуваат ревматските болки.
За подготвување на овој лек потребни ви се една тегла мед и околу 500 гр исчистени ореви. Можете да додадете и еден исцеден лимон во смесата.
Уживајте во вкусот, но не јадете повеќе од две до три супени лажици во текот на денот.