Медена пита

од desk2
249 прегледи

Подгответе вкусен а едноставен колач. Ќе биде готов за миг!

СОСТОЈКИ:
1 пакување готови кори за медена пита
1 л млеко
8 лажици гриз
300 гр маргарин
100 гр шеќер
4 лажици какао прав
100 гр чоколадо за готвење
100 гр шеќер во прав
3 лажици масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во млекото згответе гриз па додајте малку маргарин да не фати кора. Разматете 250 гр маргарин со шеќер во прав, додајте какао прав па полека додавајте млак гриз со постојано матење со миксер.
Веднаш филувајте ги корите, а преку четврт лист ставете глазура од 100 гр чоколадо, масло и малку маргарин. Украсете по желба.

Слични содржини