Медицинска сестра во Британија прогласена за виновна за убиство на седум бебиња!

од Nikola Popovski
282 прегледи

Медицинската сестра Луси Летби е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња во болницата „Countess of Chester“ во Британија. Денешната судска одлука ја прави најголемиот убиец на бебиња во модерната историја на Велика Британија. Должината на нејзината затворска казна ќе биде изречена во понеделник, пишува Би-Би-Си.

Летби ги убила бебињата вбризгувајќи им воздух во нивните тела, помеѓу јуни 2015 и јуни 2016 година, додека работела во споменатата болница. Исто така, таа е прогласена за виновна за обид за убиство на шест други бебиња во неонаталното одделение во болницата, користејќи методи како намерно вбризгување воздух, прекумерно хранење и труење со инсулин. Обвинението имало вкупно 22 точки.

Поротата го разгледувала случајот 110 часа

Пресудата била донесена откако поротата расправаше повеќе од 110 часа. За време на судењето, кое траело повеќе од 10 месеци, Летби покажала различни емоции.

Таа денеска не била присутна во судот за време на изрекувањето на пресудата за виновна. Нејзините родители биле присутни за време на судењето. Според тамошните медиуми, татко ѝ седел со наведната глава, а нејзината мајка силно плачела.

Која е Луси Летби? 

Луси Летби е родена на 4 јануари 1990 година и пораснала во Херефорд со нејзините родители Џон и Сузан. Таа посетувала локално училиште и колеџ. Летби вели дека отсекогаш сакала да работи со деца и избрала предмети кои најдобро ќе ја поддржат таа кариера. По завршувањето на студиите, од јануари 2012 година работела во болницата „Гофицата на Честер“.

Во судницата биле присутни родители на бебињата, а некои членови на поротата биле видно вознемирени откако биле разрешени од должноста. Обвинителството соопштило дека бара 28 дена за да размисли дали да бара ново судење за шесте обвиненија кои се во тек. Има рок до 15 септември да ја донесе таа одлука, пренесува хрватски „Индекс“.

Фото: Profimedia

Слични содржини