Медицински институт плаќа по 16 илјади евра на 20 лица само за да лежат

од desk3
120 прегледи

Институтот за вселенска медицина и психологија во Тулуз бара да вработи 20 лица, кои ќе лежат во текот на два месеци за 16 илјади евра, објави “Фигаро”.

1474806855-1

Тие ќе бидат учесници во студијата, чија цел е да утврдат ефектите на бестежинската состојба на човечкото тело, кое е финансирано од Националниот центар за вселенски истражувања (CNES).

Учесниците во истражувањето ќе бидат поставени да легнат во позиција слична на онаа во бестежинска состојба, односно главата ќе се наоѓа со 6 степени пониско од нозете. Тие нема да можат да стануваат кога сакаат – ниту да одат до тоалет, ниту за да се искапат или хранат, и ќе ги доживеат истите ефекти како астронаутите за време на лет: мускулна атрофија, коскена деминерализација и развивање на инсулинска резистенција.

Не секој сепак може да аплицира за овој експеримент. Од Центарот бараат мажи во совршено здравје на возраст меѓу 20 и 45 години, непушачи кои вежбаат, имаат телесна маса со индекс меѓу 22 и 27 и немаат алергии на храна