Медицински сестри примиле пет пати поголема доза од вакцината против корона

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Поради индивидуални грешки при подготовка на вакцината, осум вработени во дом за стари лица во Стралзунд, Германија, добиле пет пати поголема доза од препорачаната доза на вакцината против коронавирус.

По инцидентот во неделата, седум жени и еден маж биле испратени дома.

Според шефот на областа Руген, Стефан Керт, четири лица биле примени во болница на опсервација како мерка на претпазливост.

Тие покажале симптоми слични на грип.

Округот рече дека, според информациите на производителот „Бионтек“, повисоки дози на вакцина во фаза 1 од студијата веќе биле тестирани на испитаниците без сериозни последици. Не се пријавени трајни несакани дејства.

Слични содржини