Медиуми: САД ги повлекуваат силите од Ирак до крајот на годината

од Nikola Popovski

Високи ирачки и американски официјални лица планираат да објават дека американските трупи ќе се повлечат од Ирак до крајот на годината, објави „Волстрит журнал“ (ВСЖ). САД имаат 2.500 војници во Ирак, кои како дел од меѓународната коалиција се борат против преостанатите групи на ИСИЛ.

Според пишувањата, официјалните лица исто така ќе нагласат дека се уште е потребно американско воено присуство за да им се помогне на ирачките сили во борбата против Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ).

„Не ни требаат повеќе ловци, бидејќи ги имаме. Што ни треба? Потребна ни е соработка во областа на разузнавањето. Ни треба помош околу обуката. Потребни ни се сили за да ни помогнат во воздухот“, рече ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин пред вооружените сили.

Американскиот претседател Џо Бајден на почетокот на овој месец објави дека повлекувањето на американските трупи од Авганистан ќе заврши на 31 август, по скоро 20 години војна.

Во меѓувреме, талибанците во земјата бележат зголемени воени успеси.

Слични содржини