Медиуми: Турската полиција ги нападнала грчките сили со солзавец, за тоа време мигрантите ја преминале границата (видео)

од Nikola Popovski
209 прегледи

Конфликтите во близина на граничкото грчко село Кастаниес, на границата со Турција, не се смируваат, а полицијата мораше да употреби солзавец и гранати против мигрантите кои пристигнуваат во голем број.

Според грчките власти, пренесено од „Катимерини“, турската полиција намерно испукала солзавец во правец на Грција, а на снимките се гледа дека се наоѓаат на околу 40 метри од границата. За тоа време, мигрантите се оддалечуваат и ја преминуваат границата.

Грчката страна тогаш се обидела да одговори на нападите и да го изгасне оганот.

https://www.youtube.com/watch?v=jx2qUZOhQ70&feature=emb_title

Во меѓувреме, сè уште има голем број мигранти кои на секој начин се обидуваат да стигнат до грчка територија, односно територијата на Европската унија, па ја преминуваат реката Марица (Еврос).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела рече дека ќе ја отвори границата и ќе ги пушти сите оние кои сакаат да ја преминат.