Шпанските и Каталонските медиуми беа немилосрдни кон тимот на Барселона, кој го дозволил
„најголемиот срам на сите времиња“ доцна синоќа на „Енфилд“. Тимот на Ернесто Валверде
пристигна во Англија со три гола предност и си замина со пораз од 4:0.

„Најголемиот срам на сите времиња“, вели „Спорт“ на црна позадина на насловната страница,
додавајќи: „Барса ја напиша најмрачната страница во историјата на клубот“.
„Историски неуспех“, пишува „Марка“, и ги набројува факторите кои требаше да бидат во корист на
Барса. „Водеа со 3: 0, ѕвездите на Ливерпул се повредија, титулата е освоена, финалето е во
Мадрид, Реал е надвор од турнирот и располагаат со најдобрите фудбалери во светот“.
Некои медиуми направија паралела со падот на Барселона минатата година, кога Каталонците
загубија 0:3 против Рома во Рим, откако победија со 4:1 дома. „Мундо Депортиво“ додаде дека
состојбата на Барса може да се опише совршено со четвртиот гол, кој падна по брз пас од аголен
удар на Трент Александар-Арнолд кон Дивок Ориги.
„Смешниот гол од корнер, кој ќе стои на надгробната плоча на овој тим. Ги дозволивме истите
грешки како во Рим“, пишува весникот на насловната страница.
Луис Суарез, Серхио Бускетс и Ернесто Валверде се извинија на навивачите по натпреварот и
додека фудбалерите на Барса можеби ќе добијат прошка еден ден, тогаш за тренерот нема да биде
така лесно.
„Лигата на Шампионите е премногу голема за Валверде. Тој носи огромна одговорност за
неуспехот, бидејќи ги повтори минатогодишните грешки, кога дојде моментот на вистината“, додава
„Спорт