Меџити: Алијанса треба да пресече со кого ќе настапи на изборите

од Nikola Popovski

Лидерот на Демократско движење, која е дел од здружената албанска опозицијата, Изет Меџити порача дека во Алијанса за Албанците има различни мислења околу тоа дали ќе настапат заедно на следните избори.

-Крајно време е да пресечат. Ние сме отворени и за невладиниот сектор и независните интелектуалци. Треба да одлучат дали ќе одат со власта или со опозицијата и дел од новите победи, рече денеска Меџити, на заедничката прес-конференција со лидерите на Алтернатива и БЕСА, Африм Гаши и Биљал Касами.

Слични содржини