Еден од главните предводници на „Огнената група“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити синоќа порача дека неговата партија се повеќе личи на ВМРО-ДПМНЕ од времето додека во редовите на таа партија бил поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
-ДУИ не беше ваква. Во последно време, народот зборува дека ДУИ повеќе личи на ВМРО на Сашо или некогашната ДПА. Али Ахмети ваков не го познаваме, рече Меџити во емисијата „Клик плус“.
Меџити смета дека со дозвола на Ахмети целата власт на партијата е во рацете на Артан Груби. Тој кажа дека има случаи кога постојат дилеми дали Груби де факто е претседател на ДУИ.
-Која е пораката за идните генерации на кои сакаме да им ја оставиме ДУИ или албанската политика. Албанците треба да бидат униформирани и да мислат само како што мисли лидерот а во случајов Артан Груби. На моменти има дилеми дека лидер де факто е Артан Груби, посочи членот на „Огнената група“.