Меџити го брани процесот на распределба: Теарце и Сарај ќе добијат поддршка за подобри проекти

од Илинка Илиоска
167 прегледи

Опозициската партија ДУИ ја обвини Владата дека распределбата на средства кон општините не била направена на транспарентен начин, со одреден „дисбаланс“ меѓу различни општини. Како конкретни примери, Арменд Аслани од ДУИ ги посочи општините Тетово и Куманово, укажувајќи на неправедна распределба.

„Врз основа на распределбата на средствата, мислам дека не беше направено експлицитна и правилна распределба бидејќи проектите беа примени и разгледани врз основа на прилично тесен круг“, изјави Аслани, додавајќи дека распределбата „не е на транспарентен начин.“

Општина Теарце, управувана од кадар на ДУИ, исто така беше одбиена за финансирање, а премиерот изјави дека проектите биле доставени преку приватна електронска адреса. Градоначалникот на Теарце, Нухи Незири, го оспори ова, изјавувајќи: „Ова беше трик да се направи вест… Пријавата не ја направивме само во електронска форма, туку ја доставивме и по пошта.“

Вицепремиерот Изет Меџити, пак, го брани процесот на распределба, нагласувајќи дека Владата не ги дели општините по партиска основа и дека приоритет е да им се помогне на граѓаните, без оглед на етничката припадност. „Знаејќи ги капацитетите на руралните општини во овој случај Сарај и Теарце, ние како министерство ќе ви бидеме на услуга со кадровски прашања и подготовка на проекти“, истакна Меџити.

Меџити додаде дека Владата оваа година ќе додели 100 милиони евра за општините, а околу 75 од 80 општини веќе аплицирале со добри проекти.

Слични содржини