Меџити: Голем дел од членовите на Алијансата за Албанците сакаат да останат во ВЛЕН

од Марта Пешевска
98 прегледи

Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина, во вечерашното гостување на „Топ Тема“, изјави дека најголемиот дел од членовите на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари сакаат да останат во ВЛЕН. Според него, придонесот на Таравари во изборната победа на ВЛЕН не може да се игнорира, но напомена дека неговото излегување од коалицијата ја подели партијата.

Меџити исто така нагласи дека не е важно кој ќе биде лидер на партијата, туку како таа ќе функционира и како ќе ја потврди победата кај албанскиот блок на локалните избори. Тој потврди дека планот за внесување раздор во Коалицијата ВЛЕН е дело на ДУИ, која активно работи на создавање раскол во партијата. Меџити додаде дека многу од пратениците од Алијанса и голем дел од членовите се против приближување на партијата кон ДУИ и евентуална соработка со Европскиот фронт.

Тој изјави дека е првиот на кого му пристапиле за да се издејствува расцепување на силите внатре во коалицијата.

Слични содржини