Меџити: Јас ги донесов Груби и Османи во ДУИ, но не барав да бидат поголеми од папата

од Nikola Popovski
402 прегледи

Денеска бев во Гостивар и од она што можев да го видам е членови на ДУИ веќе се приклучуваат кон Демократското движење и ВЛЕН. Тоа се добри професионалци кои што не можеле да дојдат до израз од овие што се сега на раководни места во ДУИ. Има млада генерација со добро искуство. Гледаат дека тоне бродот. Потпретседател на ДУИ и советник во општина Јегуновце се приклучи кон нас, изјави вицепремиерот и министерот Изет Меџити за случувањата во партијата на Али Ахмети и што очекува тој од нив во наредниот период.

На обвинувањата од Талат Џафери дека тој лично го донел Артан Груби во редовите на ДУИ, Меџити вели дека тие биле класни другари и дека на почетокот, „јас направив ДУИ да биде непобедлив во скопскиот регион, земајќи луѓе од невладиниот сектор и други партии“.

-Јас ги донесов Груби и Османи и многу други, но, не барав да бидат поголеми од папата. Јас не барав Ахмети да им ја поклони партијата. Очигледно е дека сите бегаат од него, но, да ме послушаа порано, ДУИ немаше да биде во ова дереџе, кажа Меџити во вестите на Тв Сител.

Според поранешниот член на ДУИ, „Груби немал популарност ниту да биде претседател на куќен совет во зградата во која што живее и немал поддршка од членството и структурите на ДУИ“. Како што вели, работел под инструкции на Ахмети.

Слични содржини