Меџити кон Ахмети: ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција

од Vladimir Zorba
12 прегледи

На барањето на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со локалните избори наредната година да се одржат и парламентарни, му одговори првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити.

Според Меџити, ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција.

“Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата.

Пред да закажува мегдани, ДУИ би било добро да му одговори на јавноста:

• Kаква понуда содржат СМС пораките кои му ги испратиле на премиерот Мицковски во времето кога се преговараше за новата влада?!
• Kаква понуда ставија на маса во соба 161 во Парламентот емисарите на Европскиот фронт додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараа за новиот владин кабинет?!
• Дали е точно дека само две министерства и дека претседателот на парламентот не беше понудата на ДУИ за ВМРО само за да бидат повторно во Владата?!

Ова се прашањата на кои јавноста очекува одговори од ДУИ. Поттикнувачката реторика и фолклорот се сценарио веќе познато и прочитано од сите. Сѐ што донела таа реторика е зајакнување на екстремизмот и етно-националистичкиот сентимент изразен преку гласот. Затоа сте смешни и ништо повеќе”, напиша Меџити.

Слични содржини