Меџити: Лекот за Конго-кримска хеморагична треска беше обезбеден во рок од 24 часа

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

За едно деноноќие терапијата за третман на заразените со Конго-кримска хеморагична треска (KKXT) стигна во нашата земја. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити објави дека и покрај реткоста на терапијата, МЗ успеало итно да го обезбеди лекот за нашата земја.

По детектираниот прв случај на ККХТ итно побарав да се обезбеди соодветна терапија за третирање на пациенти, информираше министерот.

„Во рок од 24 часа лекот беше обезбеден во нашата земја, без разлика што станува збор за терапија која е многу ретка дури и за земјите кои имаат голем број заразени. Веднаш по пристигнувањето на лекот беше организиран вебинар со СЗО и колегите лекари од КИБФС, за споделување искуства околу третирањето на пациентите“, наведе Меџити на својот профил на ФБ.

Пред неколку недели жена од штипско ја загуби битката со ККХТ по каснување од крлеж. По итна интервенција и координација на здравствените власти, десетици контакти беа изолирани и ставени под лекарски надзор. Досега само кај еден од изолираните контакти беше утврдено присуство на ККХТ.

Слични содржини