Новиот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити не негира дека дека дел од политичарите од коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, може да станат дел од Владата. Како што рече Меџити, тие комуницираат и дека политичката сцена се измешала. Како што вели, имало многу турбуленции по создавањето на двата табора.
Во врска со шпекулациите околу можноста лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села да се приклучи во Владата, Меџити рече дека не го исклучува тоа, бидејќи, како што додаде, политичката сцена кај партиите на Албанците, сега е измешана.
„Не го негирам тоа. Може да биде“, изјавил Меџити во синоќешната дебатна емисија на ТВ 21.
Запрашан дали некакви разговори во таа насока, едниот од лидерите на ВЛЕН порачал:
„Комуницираме. Политичката сцена стана толку измешана, се случија толку многу турбуленции што се формираа два табора. И мислам дека сè уште ќе има турбуленции“.
Меџити изјавил дека во редовите на НАИ постоело очекување дека ќе го задржат мнозинството од гласачкото тело по заминувањето на Арбен Таравари од ВЛЕН, но дека резултатите од изборите ги разувериле. Очекува НАИ како коалиција да се распадне.