Околу состојбата со големата кашлица во земјава и вакцинацијата, министерот за здравство Фатмир Меџити информира дека преземени се сите чекори со сите европски институции и се оди во добра насока, но не може преку ноќ да се промени ситуацијата со менталниот склоп на граѓаните.
-Нашата иднина се нашите деца и ги повикуваме сите да се вакцинираат. Заштитува животи и не спасува. Вакцинирањето на децата пред се и тоа е нашата иднина, кажа Меџити при отворањето на новата поликлиника Сарај.
Министерот одговараше и на прашање кога ќе почнат вработувањата што беа најавени во здравството и дали ќе имаат предност оние што се со договор на дело или и овде ќе има балансер.
-Тоа што никој не веруваше дека ќе изнајдеме решение, за тоа изнајдовме. Веќе 1.117 вработувања од оваа Влада и тоа што кажав, вие знаете подобро од мене како новинари дека законските процедури се тие, дека ние не можеме да му забраниме на никој да конкурира на тие огласи, но јас лично кажав дека ќе го опсервирам целиот процес и ќе изнајдеме решение и навистина ќе работиме макотрпно да тоа биде праведно. Заедно ќе продолжиме понатаму да вработуваме здравствен медицински кадар кој беше многу дефицитарен овие неколку години. Во цело здравство ќе има нова систематизација, нова реорганизација и нова организација. Здравството веќе нема да биде како што било, ќе постапиме многу сериозно како досега и со „трикафта“ и со сите други работи. Во здравството работите се тераат напред и си одат на подобро, подвлече министерот.