Меџити откри кога „Пендаровски бил консултиран за амнестија на Груевски“

од Nikola Popovski
440 прегледи

Поранешниот функционер на ДУИ и лидер на новото Демократско движење, Изет Меџити синоќа обелодени дека барањето до претседателот Стево Пендаровски за амнестија на поранешниот премиер Никола Груевски дошло на 9-ти мај годинава. Според Меџити, имало средба во Кабинетот на Пендаровски, при што „непристојниот предлог“ дошол од владеачките партии.

Не треба многу за да го потврди претседателот на државата. Беше на Денот на Европа во неговиот кабинет. Така да, не зборуваме на памет, рекол Меџити во „Клан Дебата“.

Бил дециден дека ниту една од опозициските партии не побарале помилување на Груевски.

Пендаровски во петокот укажа дека одредени политичари дискутирале за спас на Груевски кој живее во Будимпешта.

Бев консултиран од политички актери во земјава. Им реков децидно дека тоа не би го направил никогаш, бидејќи тоа би било рушење на правната држава. Таков тип на милосрдие стои во Уставот, но јас не мислам дека сум султан или монарх во оваа држава за такви кривични дејанија самиот да пресудувам и да решавам што е право, што не, изјави претседателот во емисијата „Трилинг“.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа од Пендаровски да каже кој барал од него амнестија за Груевски. Од Кабинетот на претседателот посочија дека предлозите дошле од луѓе блиски до опозицијата.

Слични содржини