Меџити: Со мене како министер не може болници да не се градат по 15 години

од Nikola Popovski
292 прегледи

Првиот човек во јавното здравство, Фатмир Меџити денеска истакна дека со сите проблематики постапил сериозно и потенцира дека уште од првиот ден откако стапил на функцијата, не може со него како министер и неговата екипа да не се градат болници и здравствени установи по 15 или 30 години.

Тоа нема да се случи со мене. Додека јас сум министер, се што зависи од мене, ќе добие на динамика. За Штипската болница е активирана банкарска гарранција на 6 милиони евра и така ќе постапам со сите здравствени институции. Нема да дозволам повеќе да се случат вакви компликации, кажа Меџити на прес-конференција со медиумите.

Министерот порача дека него како лекар, најголема мака му била внатрешната организираност на Клиниките.

Не поради организацијата како просторно уредување и хаосот, туку внатрешното здравствено уредување кое не можеше да функционира. Немавме начин како посебни субјекти да реагираме. Требаше да седнат директорите и да се разубедуваат. Сега тоа нема да се случи. Вршам притисок од 1-ви јануари 2024, да дојде до спојување и да ги снема заедничките служби. Тие не работат како што треба и се загубари. Се надевам дека со идната буџетска година, ова ќе почне. Тоа што зависеше од мене, јас го поднесов, рече Меџити.

Министерството за здравство информира дека договорот со изведувачот ИНТРАКАТ за новата штипска болница е раскинат на 29.06.2023, по што ќе се распише тендер за нов изведувач.

Слични содржини