Меџити утрово пиел кафе со Јовев: Ќе видиме дали ќе има нов директор

од Nikola Popovski
409 прегледи

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска информираше дека првото утринско кафе го испил со докторот Сашко Јовев и дека тој ќе продолжи да работи во Клиниката за кадриохирургија.

-Ќе се посвети повеќе на пациентите и работата. Ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор и професор за понатамошната работа. Ќе видиме дали ќе има нов директор. Во таа програма за трансплатација, ќе се залагам со ребалансот на Буџетот да се зголеми буџетот за трансплатациите, кажа Меџити.

Првиот човек во ресорот здравство рече дека не зборувале за понудата д-р Јовев да му стане советник во Кабинетот.

-Испивме кафе, тој е мој добар другар и колега. Ќе продолжиме да работиме заедно, одговори Меџити на прес-конференцијата по повод 100 дена од работата на неговиот кабинет откако е министер.

Слични содржини