Медведев ги нарече навивачите идиоти: „Немаат мозок“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Рускиот тенисер Данил Медведев и се налути на публиката за време на финалниот меч на Австралија опен со Рафаел Надал.

По двата сета на Медведев од 6:2 и 7:6, Надал го доби третиот сет, а публиката значително повеќе му беше наклонета на Шпанецот во трите часа игра.

Данил на почетокот беше пречекан со мешавина од свирежи и аплаузи, а до крајот на третиот сет имаше и такви кои врескаа меѓу неговите сервиси.

„Тие се идиоти, празноглави, без мозок. Веројатно им е многу лошо во животот, нели“, рече Медведев во разговор со Џон Блом, судијата на стол.

Претходно за време на турнирот некои од навивачите ги нарече луѓе кои имаат „низок коефициент на интелигенција“, па во финалето таа „војна“ само продолжи.

Медведев се бори за втората последователна Гренд слем титула во Мелбурн и првото место на АТП листата, додека Надал за 21-та во кариерата.

Слични содржини