Медведев ги повика Европејците да „не си играат со авиони“

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска ги повика Европејците да „не си играат со авиони“, коментирајќи ја изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналене Бербок, која ја нарече одлуката на Холандија и Данска за трансфер на Ф-16 борбени авиони за Украина „добар ден за Украина и Европа“.

Медведев рече дека еден од таквите „добри денови“ би можел да биде последен за Европа, пренесува „Ведомости“.

„Ова е добар ден за Украина и, се разбира, добар ден за Европа – рече министерката за надворешни работи со завршено средно образование, Аналена Бурбок. О, не си играјте со авиони во својот песок, деца. Еден од следните слични ‘добри денови’ би можел да биде последен за Европа“, напиша Медведев на Телеграм.

Слични содржини