335
Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен.
Русинот по четири сета славеше над Американецот Максим Креси со 6:2, 6:7, 7:6, 7:5.
Да потсетиме, Креси беше најголемото изненадување на овогодинешниот Австралија Опен. До осминафиналето стигна „од сенка“ и амбициозно најави дека е подготвен за големи подвизи.
Во тоа беше запрен од Медведев, кој важеше за апсолутен фаворит на оваа средба.
Негов противник во борбата за полуфинале ќе биде Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој по голема борба славеше против Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 (2:6, 7:6 (7), 6:2, 7:6 (4).)