Медведев: Никој не знае дали ќе бидат срушени рекордите на Новак

од Симе Стоиков

Одличните партии на Јаник Синер и Карлос Алкараз, кои ги освоија двете најголеми титули сезонава – Италијанецот на Австралија Опен, Шпанецот на Индијан Велс, ја вратија на преден план вечната полемика дали рекордите на Новак Ѓоковиќ се достижни.

Дека такво нешто е сосема неизвесно вели Данил Медведев, кој го загуби ова големо финале од двајцата гореспоменатите млади асови:

– Карлос и Јаник се позиционираа таму каде што се и сигурно ќе имаат шанса да освојат многу трофеи. Секако, прашање е дали ќе бидат девет, десет, 12 Грен слемови, што само по себе е фантастично. Или ќе стигнат до 25 за да го соборат сегашниот рекорд на Новак. И тоа никој не го знае. Можеби Карлос на 30 години ќе каже дека е уморен од тенис и ќе престане да игра. А можеби и ќе игра до 45 години, ако толку напредува медицината. Затоа е тешко да се одговори на ова прашање, иако сигурен сум дека и двајцата ќе имаат многу грен слем титули. Секако, се надевам дека понекогаш можам да ги победам бидејќи тоа е многу тешка задача.

Русинот истакнува дека никој не може да биде сигурен кои ќе бидат главните играчи во иднина.

– Сè може да се промени за миг. Може ли некој како Лука Нарди, кој сега има 21 година, одеднаш да почне да прави луди резултати – потсети на Италијанецот кој го елиминира Ѓоковиќ во Индијан Велс.

Слични содржини