Русинот Данил Медведев се квалификуваше за првото Гренд-слем полуфинале во својата кариера
откако за 2 часа и 33 минути игра го елиминираше Стен Вавринка по 7:6 (6), 6:3, 3:6, 6:1 на „Ју Ес
Опен“.

Ривал на 23-годишниот Медведев во спорот за пласман во финалето ќе биде победникот од
натпреварот помеѓу Григор Димитров и Роџер Федерер.
Медведев покажа одличен карактер откако се опорави од физички проблем во првиот сет. Тој доби
помош од физиотерапевт на теренот, а левиот бут му беше бандажиран.
Успехот значи дека Медведев ќе се искачи на број 4 на АТП листата во понеделник. Тој обезбеди и
место во финалето на АТП во Лондон.