Медведев: Не одбиваме преговори со Киев, но тие би можеле да траат до…

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Преговорите меѓу Москва и Киев се можни, Русија никогаш не ги отфрлила, но тие не се временски ограничени и би можеле да траат до целосен колапс и капитулација на армиите на Украина и НАТО, смета заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.

Во секој случај, Русија ќе ги исполни сите цели на специјалната воена операција, додава тој, истакнувајќи дека од први јануари 2023 година, половина милион луѓе се регрутирани со договор во вооружените сили на Руската Федерација.

„Лудите власти во Украина се тие кои одбиваат преговори“, нагласи Медведев, одговарајќи на прашањето на „РИА Новости“ за можни преговори во 2024 година, со оглед на тоа што Колективниот Запад го потроши речиси целото свое оружје и почна да го убедува режимот во Киев да седне на преговарачка маса, пренесува РТ Балкан.

Целта на специјалната воена операција останува разоружување на украинските војници, но и сегашното раководство на Украина да ја отфрли идеологијата на неонацизмот, додава Медведев.

Медведев посочува дека привремено се окупирани Одеса, Дњепропетровск, Харков, Николаев, Киев, како и многу други руски градови.

„Сите тие сè уште се означени со жолто-сина боја на хартиените мапи и електронските таблети“, додава тој.

Слични содржини