Медведев по ракетните напади: „Првата епизода е одиграна, ќе има и други“

од Stefanija Kuzmanovska

Димитриј Медведев, заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, се огласи по ракетните напади утринава ширум Украина.

„Првата епизода е одиграна, а ќе има и други“, порача тој.

„Ќе го изнесам мојот личен став. Не можам да не го спомнам тоа сега. Украина во нејзината сегашна конфигурација со нацистичкиот политички режим ќе претставува постојана, директна и јасна закана за Русија. Затоа, покрај заштитата на нашиот народ и заштитата на границите на земјата, целта на нашите идни акции, според мене, треба да биде целосно разбивање на политичкиот режим на Украина“, наведе Медведев на Телеграм.

Слични содржини