Медведев: Русија да избира „нестандардни цели“ за своите напади

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска оцени дека руската армија треба да избира нестандардни цели за своите удари, каде ефектот ќе биде значителен.

„Мораме да избереме нестандардни цели за нашите удари. Не само магацини, енергетски центри и нафтени бази. Има и други места каде што сè уште не нè очекуваат. И каде ефектот ќе биде многу значаен“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој оцени дека Украина не е во состојба да постигне успех за време на контраофанзивата и дека за украинските сили се прифатливи напади врз цивилни цели.

Слични содржини