Рускиот тенисер Данил Медведев не е вознемирен поради пропуштената можност да се искачи на првото место на АТП-листата и истакнува дека Новак Ѓоковиќ заслужил да биде лидер на крајот на годината поради сите забележани резултати во неа.
Данил можеше да го замени Новак на чело на турнејата со трофеј во Индијан Велс, но во осминафиналето доживеа шокантен пораз од Григор Димитров.
„Не сум вознемирен што не станав првиот рекет во светот. Сепак, вистината е дека ова е мојата прва цел. Се надевам дека некогаш ќе успеам. Јасно е дека Новак нешто пропушти, но оваа сезона освои три Гренд слем титули, а во четвртата играше во финалето. Фер е да остане прв, тој има најмногу поени. Иако се уште имам математички шанса, Ѓоковиќ заслужи да ја заврши годината како прв“, рече Медведев, кој го победи Србинот во финалето на УС Опен и го спречи да запише „календарски слем“.
За Русинот тоа беше прва Гренд слем титула. Се очекува да има повеќе, особено во годините по завршувањето на ерата на „големата тројка“.
„Некогаш доминацијата на „големата тројка“ ќе помине сама по себе. Не одлучив јас дека ќе дојде тоа време, тоа е веќе видливо. Надал и Федерер предвреме ја завршија сезоната поради повреди, го пропуштија УС Опен. Ако ги погледнеме последните 20 Гренд слем турнири, победниците беа претежно од „големата тројка“. Веројатно ќе ни биде полесно бидејќи стареат. Сепак, Новак може да победи секого на 34 -годишна возраст“, заклучи Медведев.
Најдобрите светски тенисери до крајот на оваа сезона ги очекуваат Мастерсот во Париз и завршниот турнир во Торино.