Медведев лут поради горештините: Што ако умрам овде?

од Nikola Popovski

Даниел Медведев и Фабио Фоњини го играат натпреварот од осминафиналето на Олимписките игри по пеколно време.

Првиот сет Медведев го доби со 6: 2, вториот Фоњини со 6:3, се влезе во третиот, а во еден момент од мечот, истоштен од жештината, Медведев се сврте кон судијата.

„Можам да го завршам натпреварот, но исто така и да умрам. Што ако умрам, кој ќе ја преземе одговорноста за тоа“, се праша Данил.

Претходно, Новак Ѓоковиќ апелираше условите да бидат прилагодени на временските услови, но не се најде разбирање.

Во првиот сет Данил имаше проблеми и со повреда на стомачните мускули, поради што интервенираше медицинскиот тим.

Во меѓувреме, Фоњини се скри и го чекаше продолжението од сенката на самиот агол на теренот.

Слични содржини